Колку навистина чини Боемската улица на Жерновски

Боемската улица на Жерновски чини повеќе од половина милион евра. Доколку на градежните работи се додаде и агресивното рекламирање кое го прави општината, првичната сума од 460 илјади евра се зголемува на 500.000, со што Боемската улица е една од најскапите улици во државата, пишува Република.

За скандалот да биде уште поголем, рекламирањето на Општина Центар се одвива во внимателно одбрани медиуми, блиски до СДСМ и финансирани од фондацијата СОРОС. 

Центарска реклама може да се најде и на порталот чиј основач е директорот на Паркинзи Центар, поставен од Жерновски, Саша Богдановиќ, член на опозициската партија.

Ниеден од наведените сајтови не се ни спомнува во првите 15 најпосетувани сајтови во републиката, па се поставува прашањето, по кои критериуми Жерновски го делел Боемскиот колач, односно дали на овој начин со парите на граѓаните на Центар, Жерновски финансира опозициски медиуми. Ова не е првпат градоначалникот на Центар селективно да се рекламира ако ја земеме предвид фирмата Генезис Комуникации, ПР фирма, ангажирана од Жерновски да ги работи кампањите на СДСМ, кога парите повторно завршија кај сопствениците на истите портали.

Досега нема конкретни информации колку оваа кампања ја чини општината, но она што е сигурно е дека Боемската улица чини многу повеќе од првичните 460.000 евра, а сеуште ни трага ни глас од ветените градинка, спортска сала и реконструкции на училиштата, пишува Република.

28.09.2014 - 22:45

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа