Утре СДСМ ќе го „запоседне“ скопскиот суд

Социјалдемократите утре ќе имаат бурен ден во скопскиот суд. Како што најавуваат од Бихаќка, двајца нивни високи функионери, утре ќе одговараат за клевети нанесени врз нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ, во предизборниот период. Петре Шилегов ќе треба да се соочи со министерката Елизабета Канлчска Миелска.
Дека не клеветел пред судот ќе треба да докажува и првиот човек на СДСМ Битола, Васко Ковачевски, кого го тужи битолскиот градоначлник Владимир Талески. ој од него бара 15.000 евра.
Шилегов пред Основниот суд Скопје 2 треба да се појави во 10 часот, а судењето на Ковачески е закажано за два часа подоцна.
Неодамна, судот пресуди дека опозицискиот лидер Заев ја лажел македонската јавност обвинувајќи го премиерот за т.н. афера Македонска банка. Тој е задолжен да му плати на Груевски 50.000 евра.

28.09.2014 - 21:34

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега