Тамара ќе се мажи - Мачка ја запроси, таа кажала „Да“

По неколкумесечна тајна врска поп пејачката Тамара Тодевска му  кажа “ДА“ на избраникот на своето срце Александар Димитриевски-Мачка, јавува ubavinaizdravje.mk .

tamarai-macka-450x299

Тамара и Александар веќе неколку месеци се заедно,а утринава во ТЦЦ Плаза бившиот кошаркар ја побарал раката на Тамара. По запросувањето журката веднаш започна.

Тамара им раскажа на другарките, а честитките на нејзиниот фејсбук профил не прекинуваат. Вечерва се приготвува голема забава, а по овој повод од Белград пристига и Тијана. Датумот за венчавката се уште не е закажан а и кумот се уште не е известен.

Screenshot 621

Најверојатно кум на оваа естрадно-спортска двојка ќе  биде Перо Антиќ кој заедно со Мачка се партнери во ресторанот Атланта.

28.09.2014 - 21:13

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа