Албанија ја комплетираше испораката на муниција во Ирак

Албанското Министерство за одбрана соопшти дека успешно завршила испораката на оружје и муниција, како помош за Владата на Ирак во борбата против милитантите од Исламската држава, јави дописникот на МИА од Тирана.

Владата во Тирана, одлуката за испорака на оружје и муниција ја донесе кон крајот на минатиот месец, како член на меѓународната коалиција против тероризмот.

- Албанија уште еднаш потврди дека е на страната на заштитата на вредностите на демократијата и мирот. Албанија е дел од меѓународната коалиција против ИД, се наведува во соопштението на албанската Влада.

Со канадски авиони беа транспортирани 22 милиони куршуми, 15.000 рачни бомби, 15.000 минофрлачки гранати и 12.000 ГХЛКТ, модел 1969.

Во истовреме, албанската Влада и подари  10.000 автоматски пушки на авганистанската полиција. 

28.09.2014 - 15:54

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега