Проверете дали ќе останете без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре и задутре без напојување со електрична енргија ќе останат дел од општините Сарај, Карпош и Бутел.

Според соопштението, утре од 8 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Бетовенова“, „Александар Бујнов“ и „Душко Поповиќ’ во општина Бутел.

Во периодот од 10 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица „Огражден“ број 4, од 10 до 14 часот, улицата „4“ во село Бардовци, а од 9 до 11:30 часот, корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“, дел од „Миле Поп Јорданов“ и од „Стогово“ во  општина Карпош. Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Сарај и Грчец, улиците со „1“, „2“, „3“, „4“, и „5“ во општина Сарај.

Во вторник од 9 до 16 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Дворце, селата: Орашје, Бојане, Чашка, Веле Поле, Кучково, Грачани, Копаница, Долно и Горно Свиларе, Кондово, Рашче и Радуша.

28.09.2014 - 15:38

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега