Поделени ваучери за бесплатен такси превоз на „Виноскоп“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на присутните на фестивалот на виното „Виноскоп 2014“ им делеа бесплатни ваучери за користење такси превоз.

Целта на активноста е посетителите на фестивалот на виното „Виноскоп 2014“, кои конзумираат алкохол, да се охрабрат да не ги користат своите автомобили за превоз, туку да го користат градскиот јавен транспорт, да одат пеш или да го користат такси превозот во Скопје.

Акцијата е дел од активностите на кампањата за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“, која се реализира во соработка со поголем број такси компании и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

28.09.2014 - 14:42

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега