Оља Бечковиќ: "Впечаток" е забранет, јас сум уценета

Авторката на емисијата "Впечаток на неделата" Оља Бечковиќ изјави денеска дека емитувањето на нејзината емисија на Б 92 не е одложено, туку дека е таа забранета.

- "Впечаток на неделата" не е одложена, туку е забранета и јас не го одбив договорот, го одбив ултиматумот. Јас сум уценета и единствен начин да продолжам да ја работам својата емисија по важечкиот договор до март е да потпишам дека во ноември преоѓав на инфо каналот на Б 92, изјави Оља за агенцијата Бета.

Таа истакна дека тоа "не може да го смета за деловна одлука, туку како политички налог". 

Емитувањето е одложено на неодредено време "со обзир на тоа дека и покрај преговорите сеуште не е постигнат договор меѓу менаџментот на телевизијата Б 92 и Оља Бечковиќ и продукциската група Мрежа", наведе Б 92 во соопштението.

 

28.09.2014 - 14:11

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа