Пукал за да се спаси - нападнат полицаец од Куманово

Полициски службеник вчера е нападнат при воспоставување јавeн ред и мир на натпревар во село Шупли Камен меѓу кумановските фудбалски клубови „Башкими“ и „Карпош“ чии играчи се степале. Полицаецот бил физички нападнат од неколку лица, кои го фатиле  во пределот на вратот и го влечеле за делови од униформата, нанесувајќи му телесни повреди. Откако испукал три курушуми во воздух, за да ги заплаши, напаѓачите се разбегале.

Во СВР-Куманово сам се пријавил Д.Х.(23) од Куманово, кој бил учесник во тепачката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

28.09.2014 - 13:56

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа