Полицијата демне, казнети 1.049 учесници во сообраќајот - еве што направиле

 

Сообраќајната полиција при контроли во изминатата недела санкционирала 1.049 учесници во сообраќајот, за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Според МВР, кај 54 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол,  90 лица возеле со измината важност на сообраќајната дозвола, а 63 без возачка дозвола.  Кај 30 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 71 возач управувале возила со над дозволената брзина, а 52 возачи  со над 90 километри на час во населено место.

Изречени се и 60 прекршоци за некористење сигурносен појас, 72 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 31 прекршок за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 369 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање првенство на минување изречен е еден прекршок, за недавање  првенство на минување на пешаци изречени се 12 прекршоци,  за непрописно престројување  11 прекршоци. За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 10  прекршоци, за непрописно престигнување изречен е еден прекршок, кај три возила е утврдена техничка неисправност, а со пајак возило подигнати се 351 возило.

СВР-Скопје најавува дека  ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

28.09.2014 - 13:53

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега