Го врзале па ограбиле - хорор за старец од Гостивар
Во Гостивар вчера на улицата „Седек Костоски“, во куќата сопственост на 83-годишниот Х.С. три засега непознати лица од кои двајца вооружени со пиштол, извршиле разбојништво над него при што одзеле два лаптоп компјутери, рачен часовник и фотоапарат. Насилниците влегле во куќата преку отворен прозорец, му ги врзале рацете и нозете на Х.С., главата му ја прекриле со марама, извршиле пребарување и ги одзеле горенаведените предмети.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.
28.09.2014 - 13:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа