Тркало на автобус испадна во движење и усмрти една жена

Една жена го загуби животот во бизарна несреќа на патот помеѓу Лупоглав и Церовље во Хрватска. На автобус кој се движел кон Пазин, во движење му испаднало задното лево тркало кое удрило во комбе што доаѓало од спротивен правец, се одбило и удрило во патнички автомобил со германски регистарски таблици кој се движел позади автобусот.

Тркалото паднало на кровот од возилото и ја усмртил возачката, додека сувозачот поминал без повреди иако возилото удрило и во задниот дел на автобусот.

 

 

 

28.09.2014 - 13:32

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега