ВИДЕО: Дотеран со кошула и наочари за сонце - погледнете како беше уапсен високиот функционер на СДСМ

Со обележани 400 евра во џеб, полицијата го уапси поранешниот претседател на општинската организација на СДМС во Куманово,Виктор Божиновски. Екс директорот  на кумановскиот водоод а сега прв човек во секторот за правни работи во општината се сомничи дека заемал мито од 1000 евра за да спречи уривање на нелегална доградба на куќа во општината.

Божиновски од порано и е познат на полицијата. Тој пред неколку месеци беше осомничен дека како директор на кумановскиот водовод зе неколку години изел над 100.000 евра во кафеаните низ градот, пари кои угостителските објекти ги должеле на јавното кумановско претпијатие. Токму поради тоа, Божиновски стана топ тема кај медиумите од поранешна Југославија, кои веднаш му го заепија името на Шоиќ од популарниот филм Тесна Кожа.
Но наместо да биде повлечен од функциите, високиот функционер на СДСМ инаку кумашин на кумановскиот градоначлник Зоран Дамјановски добива нова функција во општината, каде раководи со правниот сектор.

28.09.2014 - 13:34

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа