Книжевната ревија „Стожер“ на веб страницата на друштвото на писателите

 

Книжевната ревија „Стожер“ од денеска е поставена на веб страницата на Друштвото на писателите на Македонија www.dpm-pisateli.mk.

Од Друштвото на пистели на Македонија наведуваат дека со ова љубителите на литературата првпат го добиваат во електронска форма книжевниот гласник кој располага со богати содржини од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката и книжевната наука.

Покрај литературните остварувања, списанието донесува и хроника со  информации за актуелните активности во книжевниот живот и за настаните што ги организира Друштвото на писателите.

Ревијата „Стожер“ наскоро ќе го објави јубилејниот 120. број. Специјалниот број на списанието ќе биде посветен на развојните процеси на ДПМ и на местото и улогата на писателската асоцијација во македонската литература и култура.

28.09.2014 - 11:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа