"Го молам Бога да не се разбудам" - потресна исповед на мајката на дечињата кои изгореа

Мајката на дечињата кои за жал изгореа во пожар и ја завија цела Србија во црно, за српскиот Курир си ја отвара душата и раскажува низ каква голгота поминува.

- Секоја вечер се молам утредента да не се разбудам. Не треба повеќе да живеам, не е повеќе животот за мене. Секоја вечер сонувам како стојат на прагот и ме довикуваат, вели мајката на 4-годишниот Ненад, 3-годишниот Димитри и ќерката Маја.

Таа додава дека работела од утро до мрак и се трудела за да им обезбеди добар живот на децата. Вели дека сите биле паметни и добри дечиња. 

Се претпоставува дека пожарот избувнал од свеќа што несреќната мајка ја оставила да гори во текот на ноќта.

Живана се терети за тешко дело против општата безбедност, за што следува казна од една до седум години затвор.

 

 

28.09.2014 - 10:37

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега