Наумоф се сретна со претставници на грчката компанија „Арванитидис“

Министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф имаше средба со претставници на грчката компанија „Арванитидис“, предводена од сопственикот Харилаос Арванитидис.

Арванитидис е истакнат бизнисмен во Грција, кој претходно поседувал, управувал и подоцна продал 180 супермаркети низ цела Грција. Тој искажа силен интерес за сериозна инвестиција во повеќе различни проекти во рамките на агро-бизнисот и извозот, соопшти Кабинетот на министерот Наумоф.

Оваа средба е резултат на посетата на министерот Наумоф, кој на почетокот на месецот го посети 79-тиот Меѓународен трговски саем во Солун.

28.09.2014 - 10:33

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега