Мажите сеуште ја плаќаат сметката на првиот состанок

Репортерот на НПР, Шерин Марисол Мераџи, неодамна присуствуваше на професионален час за тинејџери по добро воспитување за да види што мислат тие за традицоналното кавалиерство. „Самата можам да си ја отворам вратата. Не ја сфаќам поентата“, и рекла 18-годишната Чиамака Љоку. „И така повеќето од вратите денес се автоматски“.

Но младите жени имаат помалку прогресивен став на тема пари. „Ако мажот сака да плати за целиот оброк, нема да го сопрам“, рекла таа. Зошто онака како што постепено се губат сите други сексистички институции, оваа тврдоглаво останува?

Истражувањето кое беше објавено неодамна открива дека околу 77 проценти од луѓето во стрејт врските веруваат дека мажот треба да го плати оброкот на првиот љубовен состанок. Анкетата која го состави веб страната за финансии НердВолет анкетирала речиси илјада луѓе кои се забавуваат со своите партнери абрем шест месеци или повеќе.

Истражувањето на компанијата покажува дека во раните фази на заедничкото излегување, притисокот да се плати паѓа воглавно на мажите, но оваа нееднаквост тешко исчезнува како што врската се продлабочува. Пеесет и шест проценти од мажите целосно ги плаѓаат сметките кога се веќе во воспоставена врска, а како што минува времето, дури 36 проценти од мажите ги плаќаат и сите домашни сметки, наспроти 14 проценти од жените. Не постои историско истражување по прашањето кој плаќа за излегувањата, но една анкета од 1985 покажува дека многу малку се сменило во последниве 30 години.

Но во изминатите пет децении се повеќе жени станале хранители на семејствата, барем во САД. Помеѓу 1960 и 2011 година, односот на домаќинства со двајца родители во кој мајката го заработува целиот или скоро целиот приход, се зголеми за четири пати. А во 1977 година, 34 проценти од испитаниците во Опшата социјална анкета ја одбиле идејата дека мажите треба да работат, а дека жените треба да останат дома, но оваа бројка во 2010 година изнесувала 64 проценти.

Некои истражувачи шпекулираат околу тоа зошто дури и под светлото на овие големи промени на сеопштата слика, очекувањата да платат на првиот љубовен состанок паѓаат на мажите. „Како што се менуваат социјалните улоги, луѓето често ги прифаќаат промените кои им го олеснуваат животот, но одолеваат на промените кои им отежнуваат во животот“, рече Дејвид Фредерик, професор по психиологија на Универзитетот Чепмен за Хафингтин пост минатото лето. „Кој плаќа на излегувањата... тоа е една арена каде жената можеби ќе одолее на половите промени повеќе отколку мажот“, наведува тој.

Минатата година, Фредерик како коавтор учествувал во истражување поголемо од ова на НердВолет – во кое учествувале околу 17.000 луѓе – каде исто така се открива дека мажите инсистираат да платат на љубовните состаноци. Во истражувањето, тој и неговите коавтори го нарекуваат плаќањето на состаноците „редок слуај“ кога жените се воздржуваат да не се борат против старовремските полова динамика. Истата логика може да се објасни и зџа мажите кои не се повеќе хранители во семејството и не се толку цврсти во повторното враќање на нивната улога на барањата за родителството и одржувањето на домот. (Опсегот на истражувањето на Фредерик е исто така поголем од она на НердВолет, и интересно, 39 проценти од испитаничките признале дека се надеваат дека мажите ќе ја одбијат нивната понуда да ја поделат сметката“.

Можеби изгледа тривијално кој се очекува да плати – некои можеби и би спореле дека плаќање на сметата и знак на почитување на жената – но постојат причини да се смета дека е ова мала „беневолентна“ форма на сексизам која може да доведе до прашањето на тоа што мажот смета дека поседува (му следува).

Истражувањето од 1985 кое беше објавено во периодичникот Психологијата на жената, ги претставува субјектите со разни варијанти и сценарија за љубовни состаноци – во кои има кој кого поканува, кој плаќа, и местото каде се излегува – и испитаниците биле запрашани да ја проценат прифатливоста на сексуалните очекувања кои следуваат. Она што вознемирува е дека се открило дека парите се предуслов мажите да очекуваат благодарност преку секс. „Силувањето се оценува како пооправдано“, велат авторите на студијата, „кога мажот ќе ги плати сите сметки на љубовнито состанок, наместо да се поделат сметките со жената“. Во однос на кулурата, 1985 можеби изгледа како да било одамна, но од заклучокот од истражувањето изгелува дека не тоа денес ниту е помалку важно, ниту пак се потребни итиу промени. Едно поново истражување од 2010 година, открива дека мажите имаат поголеми шанси во споредба со жените да мислат дека може да очекуваат секс кога тој (мажот) ќе плати на љубовниот состанок.

Низ овие непријатни откритија, Дејвид Фредерик се уште наоѓа една поента на љубовните сосатноци која дава оптимизам. Скоро половина од испитаните мажи рекле дека би раскинале со жената која никогаш нема да се понуди да помогне да се плати сметата на љубовен состанок. „Само во ова едно откритие во врска со состаноците и односот кон плаќањето, гледаме надеж за промени“, заклучуваат тој и неговите колеги автори.

На крајот, иако на финансиското каваљерство му треба поголема ревизија, изгледа дека тоа добро функционира во геј заедниците. Стивен Петров, кој пишува колумни со совети за ЛГБТ во Вашингтон пост, за НПР рече: „Во геј заедниците, не треба да се потпирате на овие традиции“, рече тој и продолжи со тоа дека стрејт двојките треба добро да разберат како двајца мажи или две жени преговараат за финансискиот момент без сексуални очекувања. Неговиот заклучок? „Ако вие каните, тогаш вие плаќате“.

Јасниот пристап на Петров се однесува и на отварањето на вратата. „Оној кој прв ќе стигне до вратата ја отвара вратата за себе и за другиот зад него“, советува ладнокрвно. Е, уште да беше така едноставно.

27.09.2014 - 15:08

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега