Тамара Тодевска и го украде момчето на Катарина Ивановска?

Тамара Тодевска има ново момче, и тоа не станува збор за обнова на некоја стара романса, туку ова фраерче и е скроз ново.

Пејачката веќе извесно време, прилично кусо, се гледа со Александар Димитровски, во градските и спортски кругови познат под прекарот Мачка, кој е спортски директор на кошаркарскиот клуб Работнички. Мачка е поранешен кошаркар кој најголемата слава ја стекна играјќи токму во Работнички, а од поново време и угостител, пишува Вечер.

Двојката се познава одамна, но дури деновиве е забележана во ресторанот во кој Александар е еден од сопствениците во страсна прегратка, односно како си разменува нежности.  Пријателите на двојката велат дека Александар, наводно, ја запросил, а сопственичката на најголемите поп-хитови во последниве години рекла "да". Е сега, дали тоа било на шега или има вистина ќе покаже времето. Љубовта меѓу Александар и Тамара се родила многу спонтано. Двајцата се дел од исто друштво и се почнало од дружењето, потоа се родила симпатија и сега, наводно, се на праг да направат и голем заеднички чекор.  Интересно во оваа љубовна приказна е што пред Тамара нејзината најдобра другарка, манекенката Катарина Ивановска – Кики, беше во комбинација со Мачка.

27.09.2014 - 13:54

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега