Откриена причината зошто Анџелина Џоли го бакнала брат и во уста на црвениот тепих

Анџелина Џоли пред 14 години, на доделувањето на Оскарите, го бакна својот брат во уста и ја згрози целата јавност. Сега нејзината дадилка, Цис Рендал ги открива причините за тоа.

- Денот кога го бакна Џејмс на Оскарите наедно беше и првиот ден од третманот против рак на нејзината мајка Марчел. Никој на светот не знаеше дека тие двајца ја минаа цела ноќ во болницата. Тоа беше порака  „гледај каде сме сега“, но светот виде само инцест. Тоа требаше да значи овде сме, се имаме еден со друг. Тие отсекогаш имаа близок однос како помеѓу себе, така и со мајка си, изјави Рендал.

Оваа семејна пријателка, која осум години се грижела за актерката, откри некои детали од нејзиното детство.

- Анџелина беше склона кон самоповредување, а исто така трпеше и малтретирање на училиште поради своите полни усни, кои денес се прогласени за најсексапилни на светот. Таа имаше проблем со пореметувања во исхраната, а лично јас еднаш ја носев до болница бидејќи имаше и психички проблеми.

Извор: Вистина.мк

27.09.2014 - 13:34

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега