Путин го сврте вентилот - Украина има да мрзне оваа зима!

Украинскиот премиер го обвини Кремљ дека ги уценува со енергетската политика, а на состанокот на министри на двете земји во Берлин не е одлучено дали вентилот на рускиот гасовод ќе биде отворен. 

Во моментите кога зимата е на праг, Украинците се соочени со еден бран на криза, затоа што нивните резерви не можат во студените месеци да ги подмират основните потреби на 40 милиони жители на оваа земја, а Русија нема намера да ги отвори вентилите за испорака на енергетика на поранешната република СССР додека не си го отплати долгот. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук поради тоа ја обвини Москва дека има намера да ја замрзне неговата земја и да го искористи гасот како оружје за конечно да ја потчини. 

Во Берлин во потрага по решение

„Тие сакаат да смрзнеме. Освен воените напади, операции против Украина, тиее играат и на енергијата“, изјавил Јацењук на маргините на годишното заседание на Генералното собрание во ОН во Њујорк, и додал дека крајната цел на Русија е да оркестира уште еден конфликт во Украина. 

Овие зборови дојдоа во моментот кога во Берлин се состанаа министрите за енергетика на Русија и Украина во присуство на комесарот на ЕУ за тоа прашање на Гинтер Етингер, кој се обде да изнајде решение за кризата со гасот уште пред три месеци.  

Тогаш Кремељ донесе одлука да поради политиката на Киев и неговото свртување на Европа ја казнува Украина со прекин на испораката на гас, иако со исти цевки се снабдуваат и голем број на држави на ЕУ со тој енергнес. Но, руската страна оттогаш продолжи да го испорачува гасот на другите земји, додека Украина се соочува со тоа да во своите резерви има само 15,5 милијарди кубни гас, што не е доволно да ги подмири сите потреби за зимоска.

Етигер затоа предложи, Киев да му исплати на Москва дел од долгот од две милијарди долари до крајот на октомври и уште 1,1 милијарди до крајот на декемви, и ги повика двете страни да одлуката за неговиот предлог да ја донесат до крјаот на наредната недела кога повторно ќе се состанат во Берлин. 

Ја одбија руската понуда

Истовремено, рускиот министер за енергетика Александар Новак ги предупреди европските партнери кои Русија ги снабдува со гас да реверзибилната испорака на енергетика во Украина дека е забранета. 

Имено поедини држави како Полска и Унгарија продавале на Киев нешто од своите залихи на руски гас. 

Да потсетиме на 1 август украинскиот долг за гас кон Руски „Газпром“ беше околу 5,3 милијарди долари. Тогаш Киев одобри да прифати ја руската понуда да енергенсот се плаќа по ниска цена од 385 долари за 1000 кубни метри. 

27.09.2014 - 13:01

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега