Коалициските сили нападнаа позиции на ИД во централната сириска провинција Хомс

Коалициските сили предводени од САД денеска првпат нападнаа цели на Исламска држава во централната сириска провинција Хомс.

Мета на нападот беше градот Минбеџ, како и повеќе засолништа на џихадистите во провинцијата Рака, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

- Американско-арапската коалиција првпат нападна бази на ИС во источната провинција Хомс, истакна директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман.

Во источната провинција Алепо коалициските сили погодија неколку цел на џихадистите во Минбеџ, како и во градот Рака.

Според Опсерваторијата најмалку 31 експлозии се слушнале во градот Рака и околината.

Напади се изведени и во околината на градот Табка, како и врз неколку кампови за обука на џихадистите.

САД и арапските сојузници во вторникот ги почнаа воздушните напади врз ИД во северниот и источниот дел на Сирија. 

27.09.2014 - 12:35

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега