МОН го повика СОНК на разговори

Министерството за образование и наука (МОН) го повика СОНК утре на средба за надминување на несогласувањата во пресрет на најавениот штрајк на оваа синдикална организација.

- Согласно повиците на СОНК во изминатите неколку денови за продолжување на разговорите во рамки социјалниот дијалог, Министерството за образование и наука го повикува на средба раководството на синдикалната организација, во недела во 11:00 часот во просториите на Министерството, се наведува во соопштението од МОН.

 

Министерството воедно информира дека зголемувањето на платите на вработените во областа на образованието е дефинирано во Програмата за работа на Владата, при што за оваа календарска година предвидено е зголемување за четири отсто, додека во следните години зголемувањето ќе зависи од буџетските можности.

Министерството прифаќа дебата и за унапредување на системот на екстерното тестирање, но единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето, се вели во соопштението од МОН.

27.09.2014 - 12:03
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега