Очајна мајка: Ги слушав децата како вриштат од пламенот

Живана Станковиќ непосредно пред да ја уапсат низ солзи за српски Курир раскажа за пожарот во картонската барака, позади населбата Др. Иван Рибар во Нов Белград, во кој настрадаа нејзините три деца, деветгодишниот Миленко, петгодишната Анџелка и тригодишната Сања.

- Ги слушав како вриштат, моите деца вриштеа од пламенот. Стоев пред куќата и го држев Милутин во раце. Срцето ми се кинеше, но пламенот беше толку голем што неможев ни да пријдам, кажа мајката.

Се претпоставува дека пожарот избувнал од свеќа што несреќната мајка ја оставила да гори во текот на ноќта.

Живана се терети за тешко дело против општата безбедност, за што следува казна од една до седум години затвор.

 

27.09.2014 - 11:24
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа