САД за мировните мисии на ОН ќе одделат 2,9 милијарди долари

САД планираат да одделат 2,9 милијарди долари за мировните мисии на Обединетте нации за 2015 година.

- Во моментот потребата од меѓународни мировни сили е толку голема, како никогаш досега. За време на една генерација мировните операции на ОН се зголемија за десетпати, изјави американскиот заменик-претседател Џо Бајден по сесијата на Генералното собрание на ОН.

Тој наведе дека сега во светот се распоредени околу 120.000 миротворци.

САД е најголемиот донатор на мировните мисии на ОН. Во 2013 година Вашингтон додели 2,1 милијарди долари, а во 2014 година - 1,9 милијарди.

27.09.2014 - 11:02
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа