Даниел Кајмакоски ќе пее за Македонија на Евровизија 2015?

Данел Кајмакоски ќе пее на Евровизија за Македонија но доколку победи на Скопскиот фестивал. Имајќи ја предвид листата а изведувачи, тој ќе има голема конкуренција. Победникот на Скопје фест и македонскиот претставник на Евровизија 2015 ќе биде избран со собирање на гласовите доделени од жири-комисијата и по пат на телефонско гласање на принцип 50:50.   МРТ ги објави имињата на 20 кандидати кои влегуваат во трката за следен македонски евровизиски претставник. Скопје фест ќе се одржи на 12 ноември во Скопје, во Метрополис арената, а победникот ќе ја претставува земјата на Евровизија која следната година ќе се одржи во Виена  Во продолжение следува листата на учесници:

 1. Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски - Север-југ

 2. Лена Заткоска - Ало 

3. Александра Јанева - Во твојот свет

 4. Наде Талевска - Знам 

5. Сања Ѓошевска - Сакам да летам 

6. Викторија Лоба - Ми фали некој како тебе 

7. Горан Наумовски и Сања Керкез - Миг без тебе 

8. Лидија Кочовска и Марјан Стојановски - Сонце без облаци

 9. Вера Јанковиќ - Сакам да летам 

10. Евгенија Чанчалова - Да не те сакам 

11. Данијел Кајмакоски - Совршена бура 

12. Тамара Тодевска - Брод што тоне

 13. Александар Тарабунов - Марија 

14. Димитар Андоновски - Се што ветив 

15. Верица Пандиловска - Само за тебе

 16. Тања Царовска - Пеколно ми недостасуваш 

17. Мијата - Длабоко во себе 

18. Јоце Панов - Ни љ од љубовта 

19. Александра Михова - Срце чува спомени 

20. Сашо Гигов-Гиш – Блуз 

 

Победникот на Скопје фест и македонскиот претставник на Евровизија 2015 ќе биде избран со собирање на гласовите доделени од жири-комисијата и по пат на телефонско гласање на принцип 50:50. http://ow.ly/C0ugl

27.09.2014 - 00:36
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега