Тамара и го зема дечкото на најдобрата другарка Катарина Ивановска

Тамара Тодевска има нов дечко, и тоа не станува збор за обнова на некоја стара романса, туку ова фраерче и е скроз ново. Пејачката веќе извесно време, прилично кусо, се гледа со Александар Димитровски, во градските и спортски кругови познат под прекарот Мачка, кој е спортски директор на кошаркарскиот клуб Работнички. Мачка е поранешен кошаркар кој најголемата слава ја стекна играјќи токму во Работнички, а од поново време и угостител, пишува Вечер

Двојката се познава одамна, но дури деновиве е забележана во ресторанот во кој Александар е еден од сопствениците во страсна прегратка, односно како си разменува нежности.  Пријателите на двојката велат дека Александар, наводно, ја запросил, а сопственичката на најголемите поп-хитови во последниве години рекла "да". Е сега, дали тоа било на шега или има вистина ќе покаже времето. Љубовта меѓу Александар и Тамара се родила многу спонтано. Двајцата се дел од исто друштво и се почнало од дружењето, потоа се родила симпатија и сега, наводно, се на праг да направат и голем заеднички чекор.  Интересно во оваа љубовна приказна е што пред Тамара нејзината најдобра другарка, манекенката Катарина Ивановска – Кики, беше во комбинација со Мачка.

Наводно, тоа воопшто не им пречело. Напротив, Кики била многу среќна затоа што, според неа, тазе двојката била идеален пар. Како ќе заврши овој љубовен карамбол, за кој потврда од главните актери нема, останува да бидеме трпеливи и да видиме. 

Кики деновиве се поврзуваше и со ракометарот на Вардар, Столе Стоилов но таа рече дека меѓу нив има само добар пријателски однос.

26.09.2014 - 23:31
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега