Скопскиот суд нема милост: 31 година затвор за случајот „Милка“

30 затворски казни и една ослободителна пресуда за шверцот на добиток од Македонија во Албанија. 

Сточарите, полицајците и организаторите на нелегалниот транспорт на крави и телиња добија од 2 до 8ипол години затвор. Меѓу нив е и ветеринарот кој изготвувал фалс документација.

Само еден полицаец  обвинет за криумчарење беше ослободен.

Сите обвинети , од кои 13 се албански државјани се ослободени од делото примање поткуп, немало докази за тоа вели судијата.

Пресудата во судница ја слушнаа само 17мина. Судијата им го укина притворот на петмина од нив.

Во полициската акција Милка лани беа уапсени шеснаесет лица.

Според обвинителство, Албанските државјани како организатори договориле со нашите сточари продажба на добиток која го купувале овде а на албанските пазари го продавале за двојно повисока цена. 

При тоа успеале да пренесат повеќе од 2000 грла добиток и направиле штета од околу 2 милиони евра. 

26.09.2014 - 23:17
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа