Загина во страотна несреќа: Три девојки со “пежо“ слетаа на дрво во Пожаревац

Во сообраќајна несреќа кај Пожаревац една девојка загина а две се полесно повредеи.

До несреќата дошло вчера кога возачот на автомобилот “пежо 407“ поради неприлагодена брзина ја пробил заштитната ограда, слетал од патот во провалија и запрел на крошна од дрво.

На самото место загинала 17-годишна девојка која била совозач, а со полесни повреди поминала 20-годишната девојка која возела и уште една 20-годишна која била со нив во возилото.

Повредените девојки се префрлени во болницата во Пожаревац каде им е укажана лекарска помош.

Против возачот полицијата поднесе кривична пријава под сомнение дека извршила кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај.

26.09.2014 - 23:12
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега