Британскиот Парламент дозволи напади врз Исламска држава во Ирак

Британскиот Парламент денеска им дозволи на националните вооружените национални сили да нападнат позиции на Исламска држава во Ирак.

Долниот дом на британскиот Парламент ги одобри нападите со 524 гласови „за“ и 43 „против“.

Пратениците од Долниот дом се на одмор, но присуствуваа на вонредната седница што ја свика премиерот Дејвид Камерон, по официјалното барање на ирачката Влада.

Велика Британија, како и Франција, ќе учествува во возушните напади само во Ирак, но не и во Сирија. 

26.09.2014 - 19:38

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега