Реновирана гимназијата во Крива Паланка

 

Сите градежни активности за реновирање во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, што започнаа по завршувањето на учебната 2013/2014  година, се завршени, информираше директорот на гимназијата Миле Милковски.

- Во текот на летниот период започнавме со реновирање и реконструкција на повеќе сегменти во училишната зграда. Дел од нив финишираа пред почетокот на новата учебна година, додека реконструирањето на кровната конструкција траеше подолго. Во училниците од првиот кат и канцеларијата за наставници беше заменета старата подна површина, извршено е длетување на ѕидовите и заменети се вратите во учлниците во сутеренот. Во наставничката кацеларија е променет целокупниот ентериер и поставен е нов инвентар. Во таа просторија не беше извршено реновирање околу 30 години, изјави Милковски.

Градежни работи беа извршени и на надворешноста на објектот, како и во кругот на училиштето.

- Најобемен беше зафатот за реконструкција на кровната конструкција која комплетно е заменета. На северната страна од гимназијата изградивме потпорен ѕид, каде е направен уште еден трем. Тука учениците ќе можат пред и по наставата, како и на паузите помеѓу часовите да се одмораат и да разменуваат искуства, рече Милковски.

На крајот Милковски додаде дека како директор на средното општинско училиште постојано прави напори за подобрување на условите за работа и за професорите и за учениците, за, како што рече, постигнување што подобри академски достигнувања во иднина. 

26.09.2014 - 12:40

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега