Реконструкција на дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и реканскиот регион

ЕВН Македонија и оваа година работи на изградба на нова и реконструкција на постојната дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и реканскиот регион, соопшти денеска компанијата.

Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струга, според соопштението, досега изгради над 5 километри дистрибутивна мрежа на ниско и средно напонско ниво. Реконструирани се 13  трафостаници, изградени се нови 4 компактно бетонски трафостаница и направена е реконструкција на дел од постојната мрежа. Извршена е и дислокација на над 1.000 мерни уреди, со што во едно се реконструира и ниско напонската мрежа и се воведува ред во користењето на електричната енергија.

Од ЕВН Македонија информираат дека модернизирање на дистрибутивната мрежа е направено во Струга - село Велешта, населбата Мислешево, селата Добовјани, Горно и Долно Татеши, Делогожда, Богојци и Малесијата, с.Радолишта, Шум, Заграчани,Вишни, населбата Теферич, село Корошишта. Во Дебар е реконструирана дистрибутивната мрежа во населба Шпиље, а во реканскиот крај во селата Ростуше, Велебрдо, Требиште, Јанче,Битуше и Жировница.

Според ЕВН Македонија, со овие инвестиции повеќе од 10.000 корисници од овие населени места ќе добијат стабилно и редовно снабдување со електрична енергија, намален број дефекти како и можноста за селективност при исклучувањата во случај на дефекти и идни технички зафати.

Со поставувањето на  „RECLOSER“ далечински управуваниот разделувач на моќност и на повеќе статични нови разделувачи се отвора можноста за поголема селективност во мрежата за лоцирање дефекти од големо невреме. Со ова само местата каде што е настанат дефектот ќе останат без напојување до негова  поправка, укажува компанијата.

Инвестицијата на ЕВН Македонија изнесува 1,5 милони евра. До крајот на годината најавуваат дека ќе биде завршена и реконструкцијата на далноводот Дрслајца, од кој се напојуваат корисниците од селата Дрслајца, Мороишта, Ложани, Биџево, Ливада, Корошишта, Џепин, Ново Село. Ќе се постави нов разделувач на моќност кај село Ливада и ќе се направи реконструкција на дел од средно напонската мрежа во должина од 1,2 км, ќе се заменат дотраените дрвени со бетонски столбови, а ќе се постават и нови проводници со поголем пресек, се вели во соопштението.

25.09.2014 - 20:14


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега