Капа на папата продадена за 89.000 евра

 

Една од белите капи кои ги носи папата Франциск е продадена на хуманитарна аукција за повеќе од 89.000 евра на „иБеј“ во средата вечерта во рамките на италијанската телевизиска програма за собирање на средства за католичката хуманитарна организација во Африка.

Во јуни папата белата капа му ја даде на маж кој стоел на Плоштадот Свети Петар, а тој капата ја однесе во забавната програма, која се емитува на мрежа „Медиасет“ на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони.

Почетната цена на капата на „иБеј“ беше едно евро, а на крајот е продадена за 89.050 евра. Средствата ќе одат за „Солитер“ невладина организација на калуѓерките, кои им помагаат на родилките во Конго.

25.09.2014 - 18:26


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега