Во Кина јавниот превоз ќе се плаќа со мобилен телефон

Мултинационалната компанија „Гемалто“ специјализирана за дигитална безбедност, со седиште во Амстердам, регистрира силен раст на вредноста на акциите на Париската берза по објавувањето вест за потпишан договор со „Чајна мобајл“ за плаќање услуги во јавниот превоз со „Смартфон“.

Технологијата на „Гемалто“ ќе биде инсталирана за јавен транспорт и ќе овозможи корисниците на тој кинески оператор да плаќаат од мобилен телефон за превоз во градските автобуси и во метрото.

„Чајна мобајл“ е најголем светски мобилен оператор со речиси 800 милиони претплатници.

Во Пекинг секојдневно услугите на јавниот превоз ги користат повеќе од 22 милиона луѓе.

 

25.09.2014 - 16:04


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега