Избран најдобриот барист во Македонија

Во рамки на  Skopje Design Week, што се одржува во Куршумли Ан во Скопје, избран е најдобриот барист на Македонија за 2014 година.

Од вкупно 20 натпреварувачи шестмина се натпреваруваа во финалето, а изработуваа четири еспреса, четири  капучина и четири авторски пијалоци.

На настанот присуствуваше италијанскиот Амбасадор Ернесто Масимино Белели, кој го потенцираше спојот меѓу кафето и дизајнот, како што рече, како во уметничкиот така и во индустрискиот дел (кафемати, филџани...).

Тој го искажа своето задоволство и благодарност кон учесниците кои, потенцира, како професионални баристи ја негуваат и шират културата на еспресото и италијанската традиција во пиење кафе.

Првото место го освои Филип Цанев од Сoffee Academy, второто Стојанчо Георгиевски од Цреша бар - Скопје и третото место Маријан Зелев од Кафе бар Емпорио- Богданци. Сите тројца добија наградно патување во Болоња, Италија, во седиштето на Attibassi.

25.09.2014 - 15:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега