ИСПОВЕД: Еве што мислат жените за аналниот секс

Од порталот Cosmopolitan.hr разговарале со две девојки кои имаат искуство на оваа тема, а во продолжение следуваат нивните одговори:

 

1. Дали боли?

Девојка А: Мене ме болеше. Првиот пат помислив дека веќе не треба да правам ништо слично во тој дел од телото. Но, подоцна научив дека најважно е да се опуштам и да се придржувам кон бавно и лесно темпо. Имам читано дека анално дилдо може да помогне во текот на предиграта, ама сеуште не сум го пробала тоа.

Девојка Б: *Низ смеење* Секако дека боли. Ако не болело, никој немало да го постави тоа прашање.

2. Зошто го практикувате?

А: Се одлучив на тоа бидејќи имам слушано дека аналниот секс може да биде многу пријатно искуство, па и да се доживее оргазам. Покрај тоа, таквиот секс е немирен, но и табу, а мене ме привлекуваат такви нешта. На крајот, си помислив, зошто не?

Б: Обично се одлучувам на тоа кога сум пијана или сакам да го импресионирам среќникот.

3. Кој беше главниот иницијатор? Вие или партнерот?

А: Јас, со оглед на тоа дека многу уживаат во него. Партнерот со кој сум во врска и не е некој вљубеник во аналниот секс. Веројатно затоа сме го имале само три пати.

Б: Тој! Кога се случува, најчесто е затоа што јас попуштам. Се зависи од тоа колку ми се допаѓа фраерот. Инаку, после чинот, се чувствувам како тој нешто да ми должи.

4. Како ви беше првиот пат?

А: Чудно. Делува многу тесно и непријатно. Налик на грч. Но, така беше само првиот пат. Следниот беше многу подобро.

Б: На почетокот, многу непријатно. Сепак, ви влегува пенис во анусот, мора да е така.

5. Какво е чувството после некое време?

А: Се чувствувате исполнето, буквално! А чувството е прилично интензивно.

Б: Се навикнувате. И станува пријатно. Веројатно, исто како кај вагиналниот секс.

6. Дали некогаш станува сосема пријатно?

А: Познавам девојки што буквално го обожуваат. Сепак, аналниот секс е нешто што морате да го пробате повеќе пати, пред да дознаете дали ви одговара.

Б: Никогаш нема да биде супер, барем за мене. Со тек на времето станува подносливо. Но, зависи и од големината на неговиот пенис.

7. Дали партнерот очекува да сте депилирани и во делот на аналниот отвор?

А: Мислам дека не е задолжително. Барем јас не бев. Но, ако така се чувствувате поудобно, зошто да не?

Б: Не, тоа секако не е задолжително. Мислам дека за ниту еден фраер што сака анален секс, тоа не е толку важно.

8. Колку време сметате дека треба да помине (во врската) пред да имате анален секс?

А: Ние бевме заедно 7 месеци пред да се одлучиме на ваков чекор. Но, познавам и девојки кои го направиле тоа веднаш. Тоа се истите оние што го обожуваат ваквиот секс.

Б: Хмм, од искуство, ако навистина си се допаѓате еден на друг, и го посакувате, не гледам причина зошто би чекале.

9. Колку лубрикант ви е потребно?

А: Многу! Незамисливо ми е без лубрикант.

Б: Многу лубрикант, било каков. Дури и плунката е океј, ако баш немате ништо друго при рака.

10. Дали крваревте?

А: Јас не крварев, иако тоа ми делува како можна ситуација. Посебно ако сексот е груб и не користам лубрикант.

Б: Не, колку што се сеќавам.

11. Да ли ставивте пешкир на креветот, или нешто слично?

А: Не знам зошто тоа би било потребно. Аналниот не ми изгледа ништо понеуредно од вагиналниот секс.

Б: Понекогаш, многу е можно да останат дамки. Сметајте дека тоа е колатерална штета.

12. Дали морате да се клистирате или да се избањате пред сексот?

А: Сум размислувала на таа тема, но никогаш не сум го направила. Ниту би го направила. Ми делува како преголем напор. И никој од оние што ги познавам не се клистирал. Бањање, да.

Б: Ма каков клистир? Кој нормален би се клистирал пред секс? Зарем во жарот на предиграта да речам: „Причекај секунда, одам да го исперам газот!“

13. Кои пози се пријатни (и препорачливи)?

А: Првиот пат пробавме „кучешки стил“, но подоцна сфатив дека е попријатно кога седам на него, на пример, свртена со грб. Важно е да е девојката озгора и сама да го одреди ритамот и длабочината на пенетрацијата.

Б: За мене, „кучешката“ е најдобра.

14. Кондомот е задолжителен, зарем не?

А: Секако!

Б: Ништо без кондом!

15. Сте доживеале ли некогаш оргазам само преку анален секс?

А: Не, ама сум слушнала дека е возможно.

 

Б: Не, ама јас не сум доживеала ниту само при вагинална пенетрација.

25.09.2014 - 15:08


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа