До 2020 ќе се произведуваат 100 милиони автомобили годишно

Светскиот пазар на автомобили во наредните години ќе расте за 3,5 отсто годишно, па до 2019 година продажбата на годишно ниво ќе ја надмине границата од 100 милиони возила.

И покрај нестабилноста на одделни големи пазари се очекува 2014 година да биде рекордна година во поглед на бројот на продадени нови автомобили во светот, со раст од 3,2 отсто.

Се проценува дека на купувачите ширум светот во 2014 година ќе им бидат испорачани 85 милиони автомобили, се наведува во студијата што ја објавија британските медиуми.

Најголем раст во продажбата, од 8,8 отсто, се очекува во Кина, додека во Европа тој ќе достигне 6,4 отсто.

Се предвидува дека во 2015 година продажбата на автомобили на глобално ниво ќе порасне за 3,6 отсто, а во Европа за 3,1 отсто.

- Со оглед на презаситеноста на пазарите во некои земји, динамиката на продажба до 2020 година ќе биде слаба, со просечен годишен раст од два отсто во Европа и САД, се наведува во студијата. Во земјите во подем ќе дојде до поумерен раст отколку што тоа беше случај во последните години. Во Кина просечниот годишен раст во продажбата на автомобили до 2020 година ќе изнесува пет отсто, а во Бразил шест проценти, се додава во анализата. 

25.09.2014 - 14:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа