Џихадистите јавно погубија ирачка активистка

Џихадистите од групата Исламска држава јавно погубија активистка за заштита на човековите права во Ирак, која на импровизиран судски процес ја прогласиле за виновна под обвинение за отстапување од верата, соопштија извори од Мисијата на ОН во земјата.

Самира Салих ал Нвајми на 17 септември била грабната од нејзиниот дом во Мосул, откако на Фејсбук објавила критички информации за уништувањето на местата за молитва од страна на исламистичката група во северниот ирачки град.

Нвајми работела за поддршката на правата на затворениците и сиромашните.

Исламската држава во јуни го зазеде Мосул, кој е вториот по бројноста на жители град во Ирак. Екстремистичката група во регионите под нејзина контрола во Сирија и Ирак наметна спроведување на строга верзија на исламското право - шеријатот.

25.09.2014 - 14:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега