Девет лица поврзани со терористички организации уапсени во Лондон

Антитерористичката единица на лондонската полиција уапсила девет лица под сомнеж дека се припадници на забранетите организации кои го поддржуваат и охрабруваат тероризмот.

Уапсените се мажи на возраст од 22 до 51 година и се наоѓаат во полициските станици во централниот дел на Лондон.

Во рамки на истрагата Скотланд јард изврши рации во куќи и деловни простории. Потрагата е во тек и денеска на 18 локации во Лондон.

Полицијата соопшти дека акцијата се спроведува во рамки на истрагата за тероризам, но дека нема непосредна опасност за јавната безбедност. 

25.09.2014 - 13:27


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега