Возобновена авионската линија Белград-Тирана

Аеродромите во Белград и во Тирана  ја возобновија авионската линија што ги поврзува главните градови на двете земји, јави дописникот на МАИ.

Првиот лет свечено беше означен во присуствуво на албанскиот амбасадор во Белград Илир Бочка и српскиот заменик министер за транспорт и врски Зоран Илиќ.

- Убеден сум дека оваа авионска линија, освен што е добра можност за патниците ќе придонесе и за развој на турзимот и бизнсиот во целина, изјавил Илиќ.

- Ова е една мoжност повеќе за зближување на економската заедница и можнсот да ги зајанеме заедниките вредности, нагласи Бочка.

Авионите на „Ер Србија“ ќе летаат на оваа релација трипати неделно. Од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ кон Тирана авионите ќе полетуваат во 13:20 часот, а од тиранскиот аеродром „Мајка Тереза“ кон Белград во 15 часот. До крајот на оваа календарска година промотивната цена на билетот е 99 евра.

Растојанието од 400 километри по воздушна линија авионите ќе го прелетуваат за помалку од еден час. Оваа релација, која ја одржуваше тогашен ЈАТ, функционираше до пред шест години. 

25.09.2014 - 13:18


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега