Големо апсење на Железничка во Скопје

Голема полициска акција пред малку се случувала на меѓуградската автобуска станица во Скопје. Очевидци за Press24 велат дека имало голем број на полициски службеници кои имале акција за приведување.
Извори од полицијата за Press24 велат дека се спроведувала акција за откривање на илегални емигранти.
Од МВР потврдуваат дека спроведувале полициска акција во центарот на Скопје но со оглед на тоа дека обработката е се уште во тек, не откриваат повеќе детали. Нив ги најавуваат по завршувањето на постапката, во текот на денот или утре.

25.09.2014 - 12:48


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега