Семејна драма во Крушево: Го претепал и ограбил сопствениот вујко

Полициската станица во Крушево поднесе кривична пријава  против 29-годишниот С.А. од крушевското село Пресил, за разбојништво. Пријавениот на 22.09.2014 година, во утринските часови, влегол во куќа во која како гостин престојувал неговиот вујко кој живее во Австралија. Додека пријавениот се обидел од неговиот вујко додека спие да украде пари, тој се разбудил и се спротиставил, на што пријавениот  го турнал и нападнал. И покрај дадениот отпор од оштетениот , сепак успеал од внатрешниот џеб од кошулата да му одземе 4.100 австралиски долари.

25.09.2014 - 12:34


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа