Познат адвокат ја фатил жена му со 26 годишно момче во кола - го пратил во болница

Љубоморен 35 годишен маж, познат адвокат, денеска доби кривична пријава за обид за убиство откако пред десетина дена го претепал љубовникот на својата сопруга откако ги фатил заедно во автомобил во близина на маестото Кусановец во Хрватска. Како што јавуваат локалните медиуми, мажот ја затекнал својата 35 годишна сопруга со 9 години помлади момче во автомобил по што се вратил до дома и зел метална шипка. Почнал расправа со сопругата и почнал да удриа во автомобилот марка Фиат Пунто по што 26 годишното момче излгело од него. Во тој момент љубоморниот маж почнал да го удриа со металната шипка во главата при што му нанел тешки телесни повреди. Жената веднаш повикала полиција и Брза помош, а момчето со тешки повреди е префрлено во болница

25.09.2014 - 11:57


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа