Го претепале и ограбиле пред банка - кривична за двајца скопјани

СВР Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје со кривична пријава ги предаде 39-годишниот С.Т. и 31-годишниот С.В. од Скопје. 

Кривичното  дело  пријавените   го извршиле  минатиот месец откако  оштетениот  излегол од „ТТК Банка“ каде плаќал сметки му се приближиле  и С.Т. му побарал 1.000 денари со цел да плати сметка во банка. Оштетениот  му рекол дека нема пари и си заминал. Пријавените го пречекале  на паркинг зад зградата  и во еден момент  С.В. почнал да го удира со тупаници по главата, а С.Т. од задниот џеб на оштетениот му одзел 500 денари  и со трчање се оддалечиле од местото на настанот. 

Во просториите на ПС ОН „Гази Баба“ во присуство на дежурниот јавен обвинител извршено е лично препознавање при што од страна на оштетениот  со сигурност се препознаени С.Т. и С.В. како сторители на кривичното дело.

Инаку, С.Т. е  регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против животот и телото, кривични дела против правниот сообраќај, како и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај за што  му се поднесени  16 кривични пријави. Второпријавениот С.В. е исто така регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против здравјето на луѓето,  кривични дела против животот и телото, како и  кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај за што му се поднесени седум кривични пријави. 

25.09.2014 - 12:15


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега