Грција: Разбиена мрежа за трговија со деца

Четири Грци и двајца државјани на Бугарија биле уапсени во Трикали поради сомневање за трговија со деца.

Имено, преку нивната добро организирана мрежа учествувале во продажба на 11 деца на парови кои сакале да посвојат деца.

Полицијата соопштила дека била разбиена групата која функционирала на територијата на цела Грција. Се претпоставува дека ги убедувале бремените Бугарки, кои најчесто биле немажени, да ги продадат своите деца.

Помеѓу уапсените има и еден грчки адвокат и нотар.

25.09.2014 - 11:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа