Милошоски на состанок на претседатели на комисиите за надворешна политика во Загреб

Антонио Милошоски потпретседателот на Собранието на Република Македонија  и претседател на Комисијата за надворешна политика денеска и утре ќе учествува на состанок на претседатели на комисиите за надворешна политика на земјите од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

Европа, кој ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на состанокот, чија цел е интензивирање на парламентарната соработка и унапредување на регионалниот дијалог, ќе стане збор за механизмите за унапредување на економската соработка, како и за европските предизвици на земјите од Југоисточна Европа.

25.09.2014 - 11:31


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа