Две малолетни деца испаднале од комбе во движење- едното детенце тешко повредено

Две малолетни деца испаднале од комбе во движење, со кое управувал нивниот 41-годишен татко. Несреќата се случила вчера околу 18:15 часот на местото Котези во околината на Вргорац.

 

Помладиот брат кој има шест години е тешко повреден и се бори за живот на интензивната нега во Сплитската болница.

 

Неговиот 16-годишен брат е полесно повреден и по лекарските прегледи е пуштен на домашно лекување.

Од полицијата не сакале да коментираат за деталите околку несреќата, изјавиле само дека вратата од комбето се отворила и децата испаднале на патот. Се уште не е познато дали причина за ннесреќата биле неисправни врати или невнимателноста на таткото.

 

Семејството живеево околината на Вргорац, но од полицијата не сакале да откријат за кого се работи, ниту да ги утврди идентитетите на настраданите.

25.09.2014 - 10:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега