Заплената голема пратка со хашиш во Грција

Грчката полиција запленила 114,2 килограми хашиш, распределени  во 13 големи пакети, објави електронското издание на весникот „Етнос“.

Дрогата била откриена во автомобил на 43-годишен Албанец на магистралниот пат меѓу грчкиот град Јанина и граничниот премин „Какавија“ со Албанија.

Албанскиот возач бил уапсен, а дрогата и автомобилот, кој бил сопственост на друг  Албанец биле запленети.

25.09.2014 - 09:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа