Разочарувачка вест - еве што не очекува утре

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде малку до умерено облачно со повеќе сонце на југоистокот од земјава. Попладне насекаде облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и преку ноќта ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, попладне со зголемена облачност и со повремен дожд кој ќе продолжи и во текот на ноќта. Ќе дува  слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Од утре попладне до сабота до попладневните часови ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и во сабота ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Од недела ќе следува период на стабилно време со благ пораст на дневните температури.  

24.09.2014 - 18:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега