СОНК не доби поддршка за штрајкот ниту од Велес

Откако денеска Конфедерацијата на слободни синдикати јавно се огради од идејата и одлуката за генерален штрајк во образованието, кој според нив е инициран од ретседателот на СОНК Јаким Неделков, од општина Штип најавија дека нaставата ќе продолжи да се одвива, без разлика дали ќе има или ќе нема штрајк.

На најавениот штрајк на СОНК во образованието, кој може да предизвика проблеми во наставата, реагираа и од Синдикатот во Велес.

Регионалниот претседател на младите на СОНК Горанчо Крстиќ истакна дека не ја поддржува идејата за штрајк и дека тоа не е начин за решавање на проблемите.

- Иако првично штрајкот наиде на одобрување со текот на времето кај малдите веќе се јави сомнеж да не се излезе на штрајк. Штрајкот не е решение да се одбие нешто. Пред се треба да се седне и преку дијалог да се изнајде решение со Минитесрството за образование и наука, рече Крстиќ.

Против идејата за штрајк се и претставниците на Синдикатот низ училиштата во општина Велес.

- Ние не го поддржуваме штрајкот од причина што тоа не е единствен начин решавање на пробелмите, најмногу казните што се предвидени со ектерното тестирање и малото зголемување на платите. СОНК има најавено штрајк и за во градинките и во културата кади исто така има голем број на нерешени прашања, рече Трајче Максимов, претседател на СОНК при ОУ„Рајко Жинзифов“.

24.09.2014 - 16:04


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа