Љубе Бошковски ја цитираше Библијата - ново шоу во судницата

Уште едно рочиште во повторениот судски процес Ровер, Љубе Бошкоски го мина пред судница. Бошкоски минатиот пат најавил дека со песни ќе го наружува редот во судница за да биде отстранет, патот кон вратата го заработи со раскажување книги, па така користел дијалози од Браќа Карамазови од Достоевски и Процес од Кафка ја цитирал и Библијата, пренесува Канал 5.

-Мојата порака кога велам догодина ќе завршите во Идризово можев да ја кажам и во мој стил, според библијата и евангелието- Ќе ви биде мерено со истата мерка со која вие денес мерите. Ќе ви биде судено во присуство на целата јавност во поголем простор оваа судница е мала. Јас иако сум незауздан бунтовник, се бунтувам со причина. Сакам да си одам од овој Монти Пајтон во продолженија, изјавил Бошкоски.

Инаку, Бошковски судењето веќе три рочишта по ред го бојкотира и прави спектакли.

24.09.2014 - 15:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега