Парична помош за 28 деца без родители и родителска грижа од Велес

Општина Велес, согласно Програмата за социјална заштита и оваа учебна година обезбеди еднократна помош за деца без родителска грижа.

Како што информира за медиумите Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес, на почетокот на учебната година ја продолжуваат добрата практика да обезбедат помош за децата без родители и родителска грижа.

Според евиденцијата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, 28 деца од Велес се со статус на деца без родителска грижа, под старателство или растат во згрижувачки семејства. Тие се поделени во три возрасни групи, девет се деца од од прво до четврто одделение, 10 се ученици од петто до осмо оделение и девет се средношколци.

Предвидените средства од 1.700 денари по корисник од опшината ги предале во Центарот за социјална работа, од каде ќе им бидат префрлени на старетелите и згрижувачи на овие деца и млади кои останале беа родителска грижа. 

24.09.2014 - 15:35


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа